Откриено колку пари убиецот од Кочани изнудил од жртвата во изминатите години

Кочани се уште е во шок откако ѕверски вчера утрото во Кочани беше убиена 46 годишната Т.М. мајка на 3 деца. Убиството беше извршено пред нејзината куќа околу 6 часот во моментите кога таа трегнувала на работа.

Убиецот од Кочани во полицијата се однесувал како ништо да не се случило. Во кумановскиот затвор сеуште не побарал ниту вода ниту леб
Убиецот од Кочани во полицијата и пред истражниот судија се однесувал крајно смирено.

Не разговарал со никого ниту пак одговарал на прашањата од истражните органи. Во полициската станица во Кочани и кај истражниот судија тој бил до доцна синоќа, но од него тие не слушнале ништо ново.

За убиецот Усеин Рашидов од Кочани законот предвидува казна од 10 години па се до доживотен.

7000 евра во последните неколку години изнудил Усеин Рашидов од неговата жртва, вчера убиената Танкица Младеновска. Рашидов прецизно водел евиденција колкава е месечната кредитна рата на Младеновска и на месец или два пред да истече стариот, ја терал да отвори нов, пренесува ТВ Стар.