Панче од Штип: Живеам за никаде, седум години сум без струја и вода
Без електрична енергија, без вода и со едвај 5000 денари месечно живее Панче Ефремов од Штип. Веќе седум години живее без елементарни услови, во куќа која може да да се распадне во секој момент, и внатрешност која е далку од соодветна за живот. Ретко, речиси никогаш не јаде по трипати на ден, оти финансиските средства кој ги има не се доволни.
„Во ваква ситуација јас живеам седум години, без струја, без вода. Живеам за никаде, како да не живееш. Живеа сам, со социјално од 4700 денари месечно.“ – вели Ефремов.
Работи ако некој го викне од соседите, приватно, за да добие парче леб и малку вода. Порано работел во ЈП Исар, вели, а денеска во 21 век е оставен без вода на чешмата. Вели дека помош добива од соседите, но потребно е и институционална помош.
„Работам кој ме викне работам овде низ маалото. Соседите ми помагаат, институциите не. Порано работев во ЈП Исар, но потоа ме напуштија“ – додава Ефремов.
Вредно и чесно момче со тешка судбина – соседите на Панче велат дека тој секогаш помагал на секого, работел приватно, па сега велат крајно време е да му се помогне и нему.
„Прекрасно момче, ама еве судбината му е таква. За помош на сите помага, треба да се згриже, живее без струја, без вода. За вода некогаш дојде кај мене.“ – вели соседот Васко.
Има потреба од храна, вода, помош за реновирање на куќата. Дециден е дека може да работи за да спечали некој денар за парче леб, но досега тешко му оди барањето работа.
„Куќата ќе се распадне ќошето, а не можам сам да го направам, немам ниту средства за тоа.“ – додава Ефремов.
Ефремов има 58 години и живее на улица Димо Хаџи Димив во Штип. Апелира до хуманите граѓани и институции кои се во можност да помогнат за нормален живот.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет телевизија.