Познатата пејачка открива: Преферирам помлади, но не само да постои – мажот мора нешто и да ти даде
Љубовниот живот на Рада Манојловиќ за многумина беше мистерија, а се знаеше само онолку колку што таа сакаше да сподели.
Првата јавна врска ја имаше со Милам Станковиќ и со него останува добра пријателка до ден-денес.
Сепак, на пејачката моментално не и цветаат рози на љубовен план, а како што и самата истакна има одредени критериуми.Таа се осврна на темата машко-женски односи и изрази интересна гледна точка.
– Се венчаа и полоши… Мажот мора да ти даде нешто, не може само така да постои – изјавила Рада во емисијата Магазин ин. Да потсетиме, Манојловиќ еднаш откри дека всушност и се допаѓаат помлади мажи.
– Ги преферирам помладите. Очите и насмевката ми го привлекуваат вниманието кон некого, а од другите добивам најмногу комплименти за моите нозе, коса и насмевка. Иако, поважно е што носите внатре! – изјави Рада.
Во последно време во медиумите се шпекулира дека ја раскинала долгогодишната врска со колегата Харис Беровиќ. Таа до сега не зборуваше на оваа тема во медиумите, но направи исклучок за Гранд, а откри каков е нејзиниот моментален емотивен статус.
– Не знам што е тоа, се уште не смислиле име, можам да кажам дека тотално недостига емотивен живот. Мојата кариера моментално е на прво, второ, и петто место – низ смеа додава Рада.