По братот, денес почина и мајката на еден од осомничените за убиството на малата Данка

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), починала синоќа во селото Злот, дознава „Телеграф.рс“.

Неофицијално, таа отишла кај соседите за помош каде умрела.

Нејзиниот сопруг Радослав е во притвор под сомнение дека му помагал на синот во кривично дело.

Нејзиниот втор син, Далибор, почина во полициски притвор во Бор, откако беше уапсен под сомнение дека знаел каде неговиот брат Дејан го криел телото.

Таа неколку часа пред смртта разговарала со екипата на „Телеграф.рс“.

– Беспомошна сум и болна. Паднав пред куќата на скали и се онесвестив, сега со денови лежам во кревет. Никој не ми носи ни чаша вода. Никој веќе не ме посетува. Понекогаш некој доаѓа од соседството, но ретко, токму кога има време. Мојот живот е целосно уништен. Едниот син го закопав, другиот во затвор, Раде затворен. Не можам ни на лекар сам да одам. Се снаоѓам како што знам – вели Светлана Драгијевиќ, која сведочеше само еднаш во Вишото јавно обвинителство.