Пристигна објаснување: Еве зошто мајката на серискиот убиец Коста не била пуштена во Македонија

Мајката на момчето (13) кое е одговорно за масакрот во ОУ „Владислав Рубникар“ вчера се обидела да ја помине границата преку преминот Прохор Пчињски кон Македонија но веднаш била запрена и вратена назад, откако со нејзе бил извршен разговор.

– Мајката на момчето и нејзината ќерка се вратени од граничниот премин бидејќи истрагата против мајката е во тек, а целиот имот им е привремено блокиран. Исто така, со неа е извршен разговор по застанувањето на граница – изјавија за Курир од МВР

Како што ни рекоа, иако мајката го известила Центарот за социјална работа, полицијата не била информирана за нејзиното заминување од државата и затоа била вратена од граничниот премин.

Министерството за внатрешни работи ќе побара и да и се изрече забрана за напуштање на територијата на Србија или градот Белград.

Да потсетиме, српските медиуми објави дека на мајката не и е изречена забрана за напуштање на земјата на живеење, но таа е под истрага и мора постојано да им стои на располагање на истражните органи.

Семејството на момчето убиец го тужеа и родителите чии девет деца беа убиени во масакрот.

Од немилиот настан, таткото на момчето е во притвор поради сомнение дека сторил кривично дело против општата безбедност бидејќи, како што се сомнева, го обучувал својот малолетен син да пука во стрелиштето и не го обезбедил соодветно сефот во кој се чувале пиштолите, за кои има дозвола.