(ВИДЕО) Таткото на Вања донесен во суд – пред новинарите ги крена високо палците на двете раце

Обвинителството ќе бара притвор за татко и на Вања бидејќи смета дека им кажал на напаѓачите кога неговата ќерка ќе биде сама на патот кон училиште. Неговите информации ги искористиле останатите четворица осомничени кои во понеделникот, рано наутро ја грабнале Вања уште пред да излезе од влезот на зградата

Мотивот наводно била информација дека мајка и на Вања продала стан и дека детето може да биде искористено за од неа да се изнудат пари. Вања е однесена во атарот на селото Бразда, каде и била убиена околу 2 часа по киднапирањето. Зошто го убиле детето ако планирале да го користат за изнуда органите на прогонот немаат логично објаснување.

Останува нејасно, како убијците ги фатила паника пред 11 наутро ако се знае дека мајка и на Вања на социјалните мрежи побара помош нешто по 12 часот.

Александар, таткото на Вања беше донесен во судот,  а пред медиумите позираше со кренати палци