Славица и нејзиниот син од Скопје заглавени во Хрватска бараат помош – заминале на сезонска работа, а не им ги исполниле договорените услови
Славица Ѓорѓиевска и нејзиниот син од Скопје се во очајна состојба во Сплит. Како и многу Македонци, и тие заминале за да заработат нешто повеќе пари. Иако се таму еден месец, газдата не им дава плата, а не ги исполнил ниту ветувањата за сместување и оброк.
– Јас и синот сме дојдени преку агенција тука за работа. Ми беше ветено дека ќе ни дадат аванс, сместување, на работни саати од 12 до 15 двапати јадење, ние немаме ни дваапти јадење некогаш остануваме гладни и на работа
Беше договорот да се даде плата до 10ти, 10ти веќе помина ќе видиме, ќе ви дадеме, и никако ни даваат, ниту пуштаат. Каде што сме сместени со синот во тој стан спиеме 6 души, јас и синот спиеме на еден ист кревет, вели Славица пред камерите на Телевизија Стар.
Кулминација на нивната неволја е и тоа што некој им ги украл и парите кои тие со себе ги понеле од Македонија.
– Парите што ги бевме понеле од дома ни се украдени, значи на работа – кој, како, што, дали во гардеробата кај што се пресоблекуваме каде што ми стои ташната од таму некој ги зел, објаснува Славица.
Семејството сега бара итен начин да се врати назад, но немаат пари за билети кои чинат 120 евра.
– 60 евра ни е во еден правец за еден автобуска карта. Околу 120 евра би не коштале, ама ете 150 до 200 евра нели пат е.., додава Славица. Освен ова дополнително проблем е и тоа што овде ги чекаат два месеци неплатена кирија за станот.
– Имам работа со која би почанала, но киријата за два месеци немам со што да ја платам и ќе бидам избркана, надевајќи се дека тука ќе земам плата, вели оваа разочарана мајка.
Мајката и синот во Хрватска заминале преку агенција која за нивната невоља сега не сака да слушне. Јавно бараат помош за да си ги платат билетите и најбргу што може да се вратат во Македонија. Целиот прилог може да го погледнете на Телевизија Стар.