Соња од битолско: Додека сум жива ќе се борам за моите деца, замолувам за помош да имам барем за пелени и храна

Соња Јашарова е напатена мајка на две деца со попреченост, со болен сопруг инвалид, а и самата таа е лице со посебни потреби. Потекнува од битолско Лавци. Многу млада вели таа татко и ја омажил со сопруг од кој била малтретирана и тепана. И, од тој брак има две деца. Пдооцна за да се вдоми се мажи со Седат од кого добива два сина Декран и Себастијан. Декран е лице со церебрална парализа и воопшто ништо не разбира, а Себастијан е со помала попреченост.

Но, секој ден на оваа жена изгледа исто. Тежок и макотрпен. Капка во преполна чаша е ланската болест на сопругот со која и тој станува инвалид. Сиве овие години мислам дека мозокот ќе ми прсне- вели Соња. Последниве години добивме социјален стан, инаку со вакви деца живеев п подруми без струја и без храна. Колку трауми имаат преживеано во соби со влага, мрак и мувла, покрај болестите не се свесни ниту самите тие. И до лани, во овој стан немав да платам сметки за струја па две години пак живеевме во мрак додека ниту еден сосед не ми даваше помош барем поради децата-тажно се присеќава Соња. Земам минимална пензија и нега која е доволна само за лекови за сите нас и за пелени за синот. Да не е црквата и народот не би имале ниту за леб. Понекогаш си велам самата себеси не се сакам, а богами ниту животот. Само се молам Бог да ме земе, а со децата и сопругот што ќе биде после мене не знам ни самата.

Соња е родена во село Лавци, Битола. Многу млада станува сопруга и мајка во брак кој ќе се покаже како неуспешен. Сепак, и смата како лице со посебни потреби и потешкотии во говорот смета дека сама не може да продолжи да живее, па се мажи повторно и ги добива синовите Декран и Себастијан, лица со попреченост во развојот. Последните 26 години за неа се повеќе мачење отколку живот- ќе рече таа. До пред некоја година живееле под кирии во темни ладни соб без струја и греење. Преживувале само од донации од цркви и народот. Сега живеат во социјален стан, но од лани и сопругот после преживеан мозочен удар станува инвалид и сега сета работа околу домот и животот се на неа. Мачно и е до таа мера што ќе рече: Си го мразам животот. Вака повеќе не сакам и не можам да живеам!

-Родена су во ело Лавци и имав тортури и дма и многу млада се омажив првиот пат. Толку ме тепаше сопругот што морав да заминам иако од тој брак имав две деца. Подоцна се запознав со вториот сопруг и иако е ром си реков морам да продолжам да живеам. И, јас сум лице со посебни потреби и потешкотии во говорот, но не ни сонував дека ќе родам деца со толкаа попреченост. Едниот син ми е со помала, но вториот помалиот со поголема попреченост и тој ништо не разбира. На, почетокот со семејството иамвме многу тежок живот под кирии, во соби со влага и мувла. Сме живееле и без струја. Само ајс знам колку денови и ноќи сме легнувале гладни. Пред извесно време добивме социјален стан и малку прогледавме, ама сопругот доб мозочен удар и пак целата работа и обврски околу децата останаа на мене- вели Соња.

Соња иако има 28 години работен стаж и работела во Социјален борец денес зема минимална пензија од 13000 денари и нега за едниот син. Премалку за едно семејство кое е зависно од лекови и пелени. За храна и нешто повеќе не останува, па затоа до скоро цели две години живееле и без струја, во мрак и премрзнати. И, скромно исто и како што изгледа оваа напатена мајка ќе побара за да има само за храна и лекови и пелени за децата барем додека е жива да не се секира додека ги гледа.

-Додека сум жива ќе се борам, иако су изморена од се. Земам минимална пензија и да не е црквата и донациите ќе немам за да ги прехранам децата и сопругот. Секогаш одам во црква помагам , а ие за возврат ми даваат храна. Додека сум жива вака ќе биде, после мене сигурно сопругот ќе оди во дом, а Себастијан и Декран во некој Центар за лица со посебни потреби. Сами без мене тие не знаат да се грижат за себе. Мака ми е, ама еден ден и тоа ќе дојде. А, дотогаш замолувам за помош да имам за пелени и храна за моите деца, зашто навистина износот што го земам не ми стигнува за сите обврски-завршува Соња.

Животот започнува кога од себе ќе ја избришеме прашината од сите порази кои останале на нас. Нема потреба утрешните немири и денес да го носиме со себе. Секое утро да го почнеме достоинствено, со раката на срце да побараме каде се оние кои ги скаме и што е она што пали пламен во нас. Секој ден е посебен кога ќе се покаже малку добрина, хуманост , добра волја и полно срце.

За да и помогнете на Сања Јашарова јавете и се на телефонскиот број 075734839 или на трансакциската сметка 290500013045653