Стојанче Ангелов само што се огласи по највата дека Талат ќе го го разреши: Тоа е излишно
Стојанче Ангелов се огласи на својот фејсбук профил каде што напиаш:
КОМАНДАНТ ОД УЧК ЌЕ РАЗРЕШУВА ГЕНЕРАЛ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ (насловот е позајмен од веста објавена на порталот на Радио Лидер) Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене, непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е летимен претседател на македонската Влада.
Како Премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, подршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување.
Свесен за комплексноста на мојата професионална и политичка позиција јас благовремено го известив најпрво генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ а потоа и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Двајцата се изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за напуштање на владината коалиција.
Нивниот коректен став го објавив јавно пред неколку дена на прес конференцијата на која ја известивме јавноста дека излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Отттука сметам дека мојата средба со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација, барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, Достоинство јавно објави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш била, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука.