Стојан од Скопје распали по несреќата што ја доживеа утрово: Дали сте свесни дека може врат да откине или да дрмне струја
Стојан Поповски утрово на својот фејсбук профил сподели што му се случило и притоа напиша:
Општина Карпош НЕСРЕЌИ, дали сте нормални по не знам кој пат активни струјни кабли да ви висат по улици. Среќа се движев бавно со само 20-25км/ч…успеав по првиот кабел да протнам глава во линија со визир и да го избегнам но вториот беше поприлично пооптегнат, ме одврати назад и морав со се мотор доле.
БАГРО НЕПИСМЕНА И ЛОПОВСКА, години наназад маме и расплакавте на општината со градби и други унаказувања а безбедност на улици ДНО!!!
Дали сте свесни дека во оваа ситуација човек на мотор, велосипед или тротинет буквално може да му се откине врат или да го дрмне струја на лице место!!!
Ќе поминеш илјадници километри во најекстремни услови, ќе се убиеш во двор. Улицата е “Борка Талевски” во правец спрема “Франклин Рузвелт”, 5ч:40мин!
Бидете внимателни, доброто е што разденува па каблите се видливи, но со фактот како се реагира во нашево проклето државиче на идиотиве може ќе им бидат потребни денови за да ги отргнат!!!