Тамара, сопругата на Апасиев: Најдобро според него е сите да си одиме од државата
Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица и актуелен пратеник, Димитар Апасиев се огласи пред на својот профил на фејсбук каде напиша:
Сака протест, ама по можност да не го организира, а ако му ќефне дента, можеби ќе дојде.
Сака рево луција, ама он не е член на партија, но ќе навива на фб за тој што ќе проба да ја организира.
Сака држава без кри минал, ама он не гласа, оти што може да се смени со гласање, што не може со негласање?
Сака чиста околина, ама не би да оди на протести и трибини за екологија, оти шо се сменило некогаш со протести, поарно е да се седи дома, а има он и работа.
Сака промени, ама по можност друг да ги смисли, да се избори, да ги организира, имплементира, да гласа… а он е тука да тапша по рамо.
Е на овој тип, ако не му погодиш, тогаш за ништо не те бива и најдобро според него е сите да си одиме од државата (он е веројатно веќе и заминат).
Другари, не е лошо еднаш веќе да сфатите дека ВИЕ самите сте промената!Види колку самиот придонесуваш за неа, да знаеш дека толку и ќе ја имаш!