Тијана се занимава и со земјоделие па откри што одгледува: Имам доста работа, работам како коњ

Најхаризматичната пејачка на естрадата, талентираната Македонка Тијана Дапчевиќ одамна не живее само од пеењето, туку има и дополнителен бизнис што го започна со својот сопруг.

Пејачката не крие дека пред три години на својот имот во близина на Белград направила плантажа со ореви, која ја одржува заедно со својата поубава половина, а за Гранд открила дали оревите вродиле со плод и дали ќе бидат на продажба.

– Има, фала богу. Бербата е во средината на октомври, па дојди, помогни, има многу работа, за тресење, за чистење, за собирање, задоволно порача Тијана пред камерите на Гранд.

Познато е дека во нејзината куќа е традиција секоја есен семејството да пече пиперки и да подготвува ајвар, а не интересираше дали таа годинава беше вредна и веќе подготвила зимница.

– Годинава не, затоа што во текот на летото не стигнав да одам кај татко ми да го направам тој познат ајвар што сакаме да го правиме секоја година. По морето почнав да работам како коњ, па по снимањето на серијата дефинитивно ќе одам во бањата – се пожали пејачката во интервјуто.