Трагедија во Кочани: Почина 16-годишно момче и покрај напорите на лекарите да го спасат
December 23, 2023
Министерството за внатреешни работи (МВР) предпладнево информираше за немил настан кој имал трагичен крај.
Имено истата вели дека згаснал живот на младо момче, 16-годишно дете.
На 22.12.2023 во 20.30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Општа болница во Кочани, во безсознание бил донесен 16 – годишен малолетник Х.Д.,
Каде и покрај укажаната лекарска помош и реанимација тој починал, а смрт констатирал лекар. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.