(ФОТО) Анета Молика веднаш си го промени презимето по разводот, ретко досега се знаеше за нејзиното моминско во јавноста

Иако веќе неколку дена ударна вест во медиумскиот етер е информацијата дека по околу две децении заеднички живот, Анета и Џими се разделиле, досега тие јавно се немаат огласено на темата и ниту ја потврдуваат, ниту пак ја демантираат веста.

Нивната група е доста популарна во земјава, а посебно во дијаспората, и зад себе имаат низа на успешни турнеји во странство.

Сепак се чини дека работата е повеќе од завршена, односно разводот е готов, па така тие повеќе не се сопружници.

Голем доказ за тоа е и последниот потег на Инстаграм од страна на Анета која си го промени презимето.

Па така наместо како до сега Анета Мицевска, таа е Анета Љумаковска.