(ФОТО) Елеганција и раскош како вистинска сирена – Татјана Стојановска објави каква невеста била
Татјана Стојановска е една од нашите најпознати и најдобри ТВ презентерки, жена која го негува литературниот македонски јазик и е секогаш елегантна и средена.
Речиси секој ден македонската презентерка е подготвена за пред телевизиските екраните за да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во државата, регионот и светот.
Како што е познато Стојановска свовремено беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година.
Стојановска е една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.
Она што е најново во врска со нејзиниот приватен живот е дека викендов ја официјализираше долгогодишната врска со сега сопругот, Михаил Китановски, а сподели и фотографии од свадбената фотосесија. Мора да признаеме дека изгледа прекрасно, во нејзин стил елегантно и истовремено совршено.