(ФОТО) Зоки Фаци се огласи од гробишта: Неутешно порача- нека ти е светол патот
Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.
Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.
Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.
Неодамна Зоки Фаци преку социјалните мрежи извести за тажната вест која ја погоди неговата фамилија и лично него, односно веста дека се упокои неговата мајка.
Како што знае да сподели различни приватни моменти од неговиот живот, така и овојпат оддаде почит на неговата покојна мајка и напиша: 40 дена нека ти е светол патот до вечноста