(ФОТО) Иако е актуелн македонски министри не му пречи да седи на трпеза со ловџии
Актуелниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски иако е релативно млад веќе долги години е на македонската политичка сцена.
Во февруари 2014 беше назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.
За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со Диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа.
Министерот Николовски е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.
Љупчо потекнува од Крива Паланка каде што го минува секој свој слободен период, а така беше и изминатиот викенд.
Кабинетот и официјалните средби во одело ги замени со кежуал облека и време помината во природа, со стари пријатели и познанци.
На неговиот приватен фејсбук профил се појавија низа фотографии на кои се гледа како си поминал Министерот, а и тој самиот напиша:
На светскиот ден на планините нема подобар завршеток на работната недела од утринско планинарење и пешачење преку нашето светилиште Св.Јоаким Осоговски до локалитетот Калин Камен.
Исто така Николовски беше неделна ловечка дружба каде што седеше на иста трпеза со ловџии. А на трпезата имаше од се по малку, традиционално, туршија, ракиичка, месо, мезе, пивце, винце.