(ФОТО) Игор Џамбазов објави фотка стара 13 година од нив двајцата: Нешто како Ицката и Моника Белучи
Игор Џамбазов секогаш знае да биде актуелен и интересен за јавноста. Човек кој го кажува тоа што го мисли, без влакна на јазикот.
Тој еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.
Водителот, шоумен, музичар и писател долг период е заедно со планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.
Овојпат, поточно утрово реши да завири длабоко во својата богата архива и да објави фотографија направена пред 13 години, а за која даде опис:
2009, на рибникот во село Бабино. Бошко беше лудо вљубен во оваа мала срничка. Еднаш неделно го носев на визита. Мислеше дека е чивава, па сакаше да ја онади.
Но го погоди суровата стварност. Не беа еден за друг. Нешто како Ицката и Моника Белучи.