(ФОТО) Лила пред Портите на рајот
March 11, 2024
Една од најпознатите македонски тв водителки и воедно инфлуенсерки, Лила Стојановска реши одново да патува.
Таа овојпат се реши за Индонезија и популарните Бали од каде објави фотографии и притоа напиша:
Пред “Портите на рајот” Едно од најголемите светилишта на Бали и омилено место за слика од соништата.
Пура LEMPUYANG е балиски хинду храм или пура лоциран во падината на планината Лемпујанг во Карангасем, Бали.
Пура Пенатаран Агунг Лемпујанг се смета за дел од комплексот пура што ја опкружува планината Лемпујанг, еден од високо ценетите храмови на Бали