(ФОТО) Многу веруваат – се појави и тоа беше Св. Петка, а за тоа сведочи и фотка направена кај овој македонска црква
Пред 17 години фотографија направена кај Црквата „Свети Петка“ во Видовиште, во близина на Кочани отвори голема мистерија.
Причина за тоа беше силуета што се појавила на фотографијата на група млади, а потоа за истата зборувшае Мирче Паунов, сопственикот на фотографскиот дуќан каде била скенирана фотографијата.
– Во мојот дуќан дојде една жена на возраст од околу 45 години и бараше од мене да направам слика од веќе направена слика. Додека ја скенирав, таа ме праша дали сум забележал нешто необично. И кажав дека црната силуета во заднината ми е чудна. Таа ми кажа дека по разговор со свештено лице заклучиле дека мора да се работи за св. Петка – вели Паунов.
Според него, фактите кажуваат дека фотографијата е направена 2006 година на ден Св. Петка околу 13 часот, на место што е оддалечено околу 300 метри од манастирот Св. Петка во близина на с. Видовиште на Плачковица и за време на фотографирањето немало никој во близина. На тоа место, смета Паунов, не може да се дојде од друга страна освен ако не се помине покрај фотографот и покрај децата што се на сликата.
Амбис навистина има, но по карпите, на кои може да се стои. Според тоа силуетата на св. Петка стои на карпи, а амбисот почнува околу 30 – 50 сантиметри пред неа, значи – не лебди. По амбисот можеби би можел да се качи човек, но многу тешко, поради тоа што е стрмен.
Фотографирал братот на жената што ја донесе сликата, со дигитален апарат. Направил преку 200 слики од картичката и ја избришал, им ги поделил фотографиите на луѓето и заминал за Италија, каде што е на привремена работа. Една од фотографиите што и ги дал на сестра му била и фотографијата со св. Петка. Жената што ја донела сликата забележала што има на неа откако ги разгледала сликите што ги добила.
– Неколку дена потоа дојдоа кај мене две свештени лица, меѓу кои беше и главниот на Зрновската област, под која потпаѓа и манастирот што е во близина на местото на фотографирање. Еден од нив забележа дека има нешто посветло околу главата на св. Петка и ми рече да зумирам таму.
Негов заклучок беше дека светлиот дел е – „ореол“. Јас претходно го имав забележано тоа, но отпрвин мислев дека е коса, а после подетално разгледување видов дека не е, па мислев дека можеби е само светлосен ефект, кој може да се јави под дејство на сонцето. На поповите им дадов слика и рекоа дека ќе му ја покажат на владиката. Повратна информација затоа што изјавил владиката кога ја видел сликата немам. Ја разгледував сликата повеќе пати за да утврдам да не е некоја монтажа, меѓутоа не најдов никакви знаци што би упатувале на тоа дека е направена монтажа. Никогаш не сум верувал во чуда, но по овој настан не знам што да мислам – кажа своевремено Паунов.