(ФОТО) Момчето и девојката кои паднаа од зграда се познати македонски музичари: Колегите и пријателите се простуваат
Како што е познато МВР вчера излезе со првични детали за настанот кој што ја по тресе цела Македонија.
МВР информираше дека момче и девојка биле пронајдени паднати пред зграда во центарот на Скопје.
-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал см pт, а К.Г. со тешки телесни п овреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот се наведува во нивното излагање.
Во меѓувреме се дозна дека момчето било член на музичката група „Ундоне“. Неговите пријатели се простија од него на официјалната страна на бендот на Фејсбук.
-Р ип Филип најпрекрасната личност, еден од столбовите на Ундоне кој е со нас од пред да започнеме со Ундоне и до крај.
Деновиве работеше на ново видео за Тхе Вар он Лове. Заедно правевме музика, многу неверојатни анимации и видеа што ти ги направи на толку многу песни, омоти што ги дизајнира за албуми.
Филип замина тр агично и никогаш нема да разбереме зошто е така. Вистински херој. Како што вели Дарко – Ќе те чуваме внатре засекогаш…некаде, стои во објавата на групата „Ундоне“.