(ФОТО) Ременски си ја направи зимницата: Прво туршија, па ајвар, ама по влашки начин

Фросина Ташевска Ременски важи за добро познато има на македонската политичка сцена. Јавноста најмногу ја памети како поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.

Или поточно во работничка, во гумени чизми, плетење елечиња, маички по кратки и слично. Што се вели, складно за на нива и за земјоделски работи.

Овојпат уште еднаш се покажа во домаќинско издание, прво ја направи туршијата, а потоа и ајварот.

Да си го одржам дадениот збор за рецептот за пресолот/солилото за традиционалната  македонска туршија. Пресолот се состои од мешање на два дела подготвена течност од: Дел: 4 литри вода, 1 литро алкохолен оцет 9%, 8 лажици сол и 3 лажици шеќер;

Дел: 5 литри вода, 1 литро алкохолен оцет 9 %, 5 лажици сол, 5 лажици шеќер и еден винобран од 5 грама.Кога ќе ги подготвите двата дела во посебни садови, измешајте ги заедно (првата течност истурете ја во втората или обратно) и пресолот е готов за употреба .
Количината на прсолот и тоа колку пати ќе ја повторите оваа постапка зависи од големината на садот/бурето во кое ставате туршија.
Со овој пресол можете да подготвите се’ – од феферони, кисели краставички, туршија …, се’ што бара пресол што не се вари.
На здравје

Еве една Влашка рецептура како ајварот да ви потрае цело зиме. Ќе го направите полут од тоа што вообичаено јадете, за да кога ќе седнете да јадете ајварче со лебче, оди повеќе лебче и се разбира беровско сиренце.

Зар’заватот струмички, рецептурата влашка, оправијата бардовачка, сирење беровско .Солидарно и акциски со сите ајварџии ,Мале, мале …., малее