Човекот кој го спаси 17-годишното девојче од возот јавно проговори – откри што се случувало

Реакциите по настанот од неделата кога 17 -годишно девојче по игра на вагон од воз заврши во болница не стинуваат.

Имено видео за тик-ток снимено на големите вагони во Маџари за малку ќе завршеше кобно. 17-годишната тинејџерка од струјниот уд ар добиен на врв на вагон е сериозно повр едена и се лекува на клиниката КАРИЛ.

Има изгореници од трет степен на 30 проценти од телото, одговорија од клиниката. На страданата е свесна и контактибилна. Вчера попладне девојката била врз вагонот, кога го преживеала големиот струен уд ар.

Најблиските соседи ја спасувале по она што го доживеала, а еден од нив реши да опише како изгледало сето тоа:

„Поминаа уште два тројца, го земавме тоа, се наместивме. Викавме и уште луѓе, но се плашат, нормално струја е. Ја фативме со раци во ќебе, ја качивме во возилото на Брза помош и ја однесоа во болница“, вели сведокот за Телма тв.

Освен ваквиот пример за качување на вагон за да се сними видео на социјалните мрежи кружат и видеа каде тинејџерите снимаат како возот им се приближува и предизвикот е кој повеќе ќе издржи да не се тргне.