Јелена Спенџарска пресреќна: Веќе влегов во втората недела
Јелена Спенџарска повеќе од една деценија во медиумскиот простор. Многу часови поминати пред камера и богато искуство на медиумско поле. Таа е една од најуникатните и најпрепознатливите македонски тв водителки.
Поуларната и познатата ТВ водителка на утрински програми е обожувана од ранобудците, кои велат дека со својата харизма и позитивен дух, им ги разубавува понекогаш тму рните утра.
Спенџарска од неодамна откри дека го пронашла вистинскиот љубовен партнер и не испушта можност да сподели некој заеднички момент.
Со оглед на тоа што секојдневно е активна на Инстаграм каде знае да упати некој мудар совет до следбениците, но и да го изрази задоволството од нејзиниот напредок на психички план. Така, таа напиша:
Веќе влегов во втората недела од предизвикот и искрено можам да кажам дека научив доста работи за себе.
Тоа ми е најзабавниот дел, тоа што до пред една недела мислев дека сум си доста позитивно ориентирана во размислувањето, а всушност кооолку не било така.
Ни сама не бев свесна каква сабо тажа си правам секогаш кога „уз муабет“ или „на зезање„ ќе кажам „Леле колку сум изгубена, забегана, смотана..“, а сите си збориме така понекогаш, нели?
Епа, не! Се чини лесно, но со оглед на општеството каде живееме и сме израснати, едноставните работи се најкомплицирани, доста ама доста убави работи се случија за само десет дена.