Џими откри што научил од зор за три месеци во Македонија
Симон Поликарп Џими е добро познато лице во македонската јавност. Иако родум од Нигерија, неговата животна приказна ја продолжува во Македонија.
Во 1977ма, како 17-годишно момче стапнал на македонско тло преку проект на размена на студенти кој бил актуелен во времето на Југославија и Тито.
Одлуката да остане овде засекогаш воопшто не била планирана, и вели дека љубовта и Божјата желба биле пресудни да го живее својот живот во Штип.
Работите во животот не одат секогаш по план, би рекол дека Божја желба беше овде да ја сретнам Билјана и да останам засекогаш. Сите останати студенти од Нигерија, по завршувањето на студиите се вратија назад или пак заминаа во други земји, а јас го свив моето семејно гнездо во Штип – раскажа Џими за Фокус.
Џими беше гостин во емисијата Шоу магазин каде што зборуваше малку повеќе за животот во Македонија споредено со Нигерија, но и за тоа како експресно брзо научил македонски.
– Јас научив да читам, да пишувам и да зборувам македонски за три месеци од зорт. Одев по улица после официјален курс кој завршуваше некаде околу 12 и после ручек одев по една улица.
Тоа време и во Пробиштип ние бевме први Африканци и многу луѓе не гледаа со резерва. Кога се појавував на некоја порта не ме гледаа, ќе отворат ќе видат Африканец и викаат ааа и затвораа.
Јас не се откажав, продолжувам, на две три места некаде ќе ми отворат ќе ме поканат внатре. Имав тефтер и пенкало тоа што слушам што зборуваат пишувам и на англиски до тоа плус курс и така научив македонски.
Во мене во тој момент се вроди друга бор ба како да се соочувам со пред извици коишто животот ги носи, раскажува Џими.
Се случувало некогаш навечер да оди во Пробиштип па накратко се осврна на тоа дали уште од почетокот имало пре драсуди кај македонскиот народ спрема Африканците.
– Тоа од недоволно познавање ние нив и тие нас. Тоа беше првпат да доаѓаат Африканци и повеќе со резерва, од наивност отколку друго. Не би рекол дека има предрас уди во глобала.
Нашиот народ македонскиот е гостопримлив народ, природни топли луѓе, ги дочекуваат гостите и странците со отворено срце така што мојот заклучок е дека нема предрас уди.