(ВИДЕО) Венко Филипе објави што прават со својот син во недела по сабајле
Човекот кој во изминатите години го гледавме постојано во јавноста полека на многумина започна да им недостига откако се повлече од јавната функција.
Станува збор за поранешниот министер за здравство Венко Филипче кој дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 ја завршил специјализацијата по неврохирургија.
Како што е познато Д-р Венко Филипче беше именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.
Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.
Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.
Освен тоа Филипче сега има повеќе време и за своето семејство и саканите, а пред се тука се мисли на својот син Иво.
Утрово Венко објави токму фотографија со него и тоа од теретана и притоа напиша: Се држиме во форма