Глетката била нималку пријатна: Очевидци со сведоштво за 17 годишното девојче – ја кренало во воздух некулу метри
Вчера Македонија ја обиколи веста за 17 годишното девојче од Скопје кое заврши во болница откако сакало да сними видео за ТикТок на воз во Маџари.
Во тешка состојба на Интензивна нега на КАРИЛ е 17 годишната девојка која вчера се здобила со сериозни повреди од струен уд ар, додека се обидувала да се качи на воз кај станицата во Маџари за да се фотографира.
Од Клинички за Сител информираат дека пациентката има сериозни изгореници од 2 и 3 степен на дури 38 проценти од кожата, најмногу на грбот и околу колковите.
Луѓе кои биле во непосредна близина кога се случила несреќата велат дека тинејџерката била со другарка. Кога сакала да се качи на возот влегла во магнетно поле и веднаш ја кренало во воздух неколку метри, по што ја отфрлило на кровот од вагонот и почнала да гори.
Вработени во “Македонски железници” морале да ја приземјат струјата за да не на страдаат и други лица кои се обидувале да и помогнат.
Според информациите во јавноста другарките имале намера да се снимаат на возот за објави на социјалните мрежи. Ваквите инц иденти во последно време стануваат се почести, некои завршија и фатално за млади лица.
Тинејџери за “лајк” повеќе си го ризикуваат животот. Психолозите се категорични дека на младите и дома и на училиште треба да им се објасни дека “он лајн” и реалниот живот се драстично различни.