Горан, Македонецот од Австралија во трка за една од најпрестижните награди таму

Новинарот Ване Маркоски кој е мошне активен на социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден сподели една убава вест која ни доаѓа од Далечна Австралија.

Филмот “Нема да си сама” на Македонецот од Австралија, Горан Столевски, е австралиски кандидат за Оскар, во категоријата најдобар странски филм.

Централниот лик Невена, којшто минува низ низа надреалистични трансформации на ве штерка, сред за неа туѓ и непознат свет, доловува длабока и универзална тема за човечката егзистенција.

Невена е лик што го играат неколку актери од повеќе различни држави, меѓу кои Сара Климоска од Македонија, Елис Енглерт од Австралија и Карлото Кота од Португалија. Филмот е на македонски јазик, поречки дијлект, а делови од дијалогот се на влашки јазик.

“Сакав да го доловам живот во Поречието, во Македонија, онаков каков што бил во 19 век, пред тој свет целосно да исчезне”…