Д-р. Лазаров со важна инфромација за сите оние што пиеле јогурт кој беше повлече од пазарот
Уште еден производ со зголемено ниво на афлатоксин се повлекува од рафтовите. Агенцијата за храна и ветеринарство побара јогуртот Баланс плус во пакување од 1 килограм да се повлење поради неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, што според надлежните е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производите кои се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.
Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, а од агенцијата за Храна и Ветеринстатво бараат од сите кои гo имаат купено производ со посочениот сериски број, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.
За ова се огласи и познатиот доктор Ненад Лазаров кој на својот профил на фејсбук напиша:
Без никаква паника и да сте испиле цело шише јогурт од спорниве,па и две.
Единечна таква доза ама баш ништо нема да ви направи, треба надлежните ова да го нагласат за да не се паничи народ, има луѓе што се поосетливи и навистина возне мирени.
Овде потенцирам и за трудници кои би требало да се редовни конзументи на јогурт. Немиените раце се многу поопасни