МВР почна да ги лови оние што прдаваат преку интернет: На фотографија едно, доставуваат друго
Се почесто сме сведоци на интернет продажба, пред се преку социјалните мрежи каде што на крај купувачите извисуваат.
Имено на објавата за да привлечат муштерии објавуваат едни слики од производот кој што го нудат, а на крај доставуваат сосема друго.
Па така веќе македонската полиција започна да ги лови овие лица.
Единицата за економски и компјутерски кр иминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кри вично дело „измамување на купувачи” по член 248 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во текот на 2021 година, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил за продажба на производи и со намера да ги измами купувачите објавил дека продава грејач за шише за хранење на бебиња.
После тоа, неколку граѓани го нарачале производот и откако го добиле увиделе дека доставениот производ воопшто не одговара на содржината, видот, потеклото и квалитетот како што било наведено во објавата на профилот.
Откако некои од граѓаните се обиделе да го вратат производот, пријавениот ги блокирал преку креираниот профил, по што не можеле да остварат комуникација со него и да го вратат производот.