Миа Костова проговори за страдањето во кревет и исти пижами 10 дена
Популарната македонска инфлуенсерка и своевремено успешна водителка, Миа Костова се огласи на својот инстаграм профил:
Мислев дека сум доволно возрасна да сто посто знам што е добро за мене а што не. Додека не решив прв пат во живот да излезам од комфор зона и да одам против себе.
А всушност одењето против себе кога е во прашање комфор зона е најдоброто нешто што може да си го направите. ‘Страдањето’ од станување на сила и одење во сала и завршување две обврски повеќе од предвиденото е вистинско уживање во споредба со страдањето во кревет и исти пижами 10 дена.
Не го губи денот затоа што ‘не можам, тешко ми е , лошо ми е’
Нека ти е лошо и во теретана и со пријатели и на одмор и во кафана. За кратко ќе видиш дека никогаш не си бил подобар.
Претешко е, ама вреди секое едно откажување од она на што си навикнат за подобро утре.
И уште еднаш, ви благодарам што сте тука и кога сум на минус 2 и кога сум на приземје.