Му се губи секаква трага на Никола од Скопје: Семејството моли за помош – објасни како бил облечен

Сузана Стоне на својот фејсбук профил сподели молба за помош откако исчезнал нејзиниот брат:

Исчезнат е Никола Гоцев, мојот брат. Од дома е излезен околу 12 часот на пладне вчера на 16 ноември.

Последен контакт со него е остварен со неговата сопруга непосредно по неговото излегување од дома, т.е. по напуштањето на аптека на ул. “Партизанска”, по што се упатил кон реката Вардар на риболов.

Облечен е во црни фармерки и истово сино елече од сликите, со црвено-жолта јакна. Неговото исчезнување е пријавено во полиција.

Двата мобилни телефони кои ги носел со себе се недостапни, а болниците не даваат информации без налог на полиција.

Ве молам, доколку некој го забележал, видел, препознал, да ми јавите. Секоја информација ќе биде од корист. Ви благодарам.