Надир од Тетово е херој на денот: Со надчовеча храброст спаси човеки живот
Стојанче Ангелов, првиот човек на ЦУК уште утрово рано наутро заедно со спасувачките екипи беше на терен во реонот на Титов Врв на Шар Планина.
Директорот на Центарот за управување кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој беше на местото на не среќата, преку видео изјава, информира дека вчера околу 17 часот на бројот 112 во ЦУК стигнала пријава од едно лице кое пријавило дека заедно со својот пријател планинар планинареле меѓу врвот Бакрдан и Титов Врв.
Притоа лицата не успеале, како што рече, благовремено да се симнат од ова подрачје, се изгубиле поради настапувањето на ноќта и побарале помош.
Од ЦУК веднаш се известени МВР, ДЗС, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица од Тетово. Потоа полициски екипи и тим на пожарникари се упатиле на местото на несреќата.
– Половина час подоцна повторно се јавило истото лице и пријавило дека второто лице на кое му се сл ошило, паднало, се лизнало во некоја бездна за која немаше информации да пријави колкава е – изјави Ангелов.
Ангелов изјави и дека се работи за бездна која е длабока повеќе од 600-700 метри. Образложи дека од МВР поради сериозноста на ситуацијата, дополнително се ангажирани специјалците од Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
Ангелов појасни дека местото на кое дошле специјалците и другите полицајци, како и пожарникарите било со снег, кој бил замрзнат и било, како што рече, исклучително лизгаво.
– Малку подоцна на ова место самоиницијативно доаѓа и директорот на НП „Шар Планина”, Ибрахим, како и еден извонреден алпинист Надир, еден од нашите најдобри алпинисти со искуство во спасување.
На ова место припадниците на ЕБР се обиделе да лоцираат каде се наоѓа повреденото лице, кое пропаднало во провалијата.
Притоа старешината од ЕБР се упатил во оваа насока, од каде можел да има преглед, иако било ноќ, сепак имало полна месечина и имало одредена видливост. Но, движејќи се кон горната страна од каде можел добро да погледне, се лизнал и летнал во провалијата – изјави Ангелов.
Ангелов додаде и дека потоа лицето пропаѓало повеќе од 600-700 метри и завршило во провалијата.
Припадниците на ЕБР цело време довикувале и се обидувале да го добијат и првото лице кое паднало во провалијата и нивниот старешина.
Подоцна старешината од ЕБР, кој бил изнемоштен, се јавил преку радио врска и кажал дека не знае каде се наоѓа, има по вреди и оти е во состојба во која може да контактира.
Ангелов нагласи дека се работи за исклучително стрмно место, а Ибрахим и Надир се обиделе да пуштат јажиња за да можат сите заедно да се спуштат до местото и да ги најдат двете повредени лица. Јажињата не биле доволно долги.
– Надир одлучил сам со алпинистичка опрема да се спушти до подножјето на оваа провалија. Веднаш потоа се упатил со натчовечка храброст, во еден херојски чин низ оваа провалија и движејќи се надолу прво налетал на лицето кое прво паднало.
Лицето било без свест, имало видливи повреди. Алпинистот Надир не можел да го почувствува пулсот, но во тоа време слушнал како довикува старешината од ЕБР и се упатил кон него, кој бил во непосредна близина, а не можел да го открие гласот.
Ја забележал сијаличката од неговата радиостаница и потоа успел да дојде до него. Старешината можел да комуницира, немал скршеници на рацете и нозете, можел да стане, а Надир му помагал во движењето и се упатиле кон Горна Лешница – изјави Ангелов.
– Првото лице кое се по вредило, се наоѓало погоре, на исклучително стрмно место, била донесена одлука да се извлече неколку часа подоцна, откако ќе се раздени со помош на хеликоптер.
Припадниците на ЕБР успеале да го пресретнат Надир некаде над бачилото, Горна Лешница и да му помогнат на повредениот старешина да отидат до возилата кои биле веднаш до бачилото, каде чекале двајца доктори, а полицаецот е однесен до најблиската медицинска установа, во свесна состојба и во состојба да може да комуницира – додаде Ангелов.