Потребни се 5000 евра да се врати младиот Мартин од кочанско кој на Малта вчера се упокои
Општо познато е дека голем број Македонци живеат и работат во Малта каде што нашата дијаспора од година во година се зголемува.
Но од оваа држава ни пристигна една тажна вест која датира од пред два дена за која информираа привчно тамошните власти.
Имено околу 23 часот се упокоил Македонец во во сообраќајна не среќа на главната улица во Слиема.
Станува збор 32-годишниот Македонец кој го возел скутерот Пијачо и се судрил со друго возило, марка Исузу Де Макс кое било управувано од 29-годишен Сириец, жител на Марсаскала.
Исто така и сопатникот на Македонецот е повр еден и пренесен во болница.
На фејсбук страната Чешиново Република Македонија денес се појави објава во која се бара помош за да се обезбедат средства да се донесе момчето.
Почитувани сограѓани во врска немилиот настан кој што се случи во градот Слиема ,Малта во кој за гина нашиот сограѓанин Мартин Костов ве известуваме секој што е во можност да донира.
Најбрзо што може за да достоинствено го донесеме нашиот сограѓанин, местото за донирање е во село Чешиново во Маркетот,или на неговиот брат Иван Костов според засега сеуште неофицијални информации транспортот Малта-Скопје ќе кошта околу 5000 евра,
Ајде луѓе да ја покажеме хуманоста, потребни сме сега