Се огласи Зоран Божиновси и упати моќна порака: Вашите деца се на ред

Зоран Божиновски пред неколку моменти се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:

Преживеав. Не знам колку треба да сум л ош, непријатен, кон троверзен, надвор од пропишаните правила на од играчи на македонското медиумско небо кои секогаш исправени пред дилема ДАЛИ ДА ОБЈАВАТ ИЛИ ПРЕМОЛЧАТ ОТИ ТОЈ И ТОЈ ИМ ПЛАЌА РЕКЛАМА, па да бидам бр утално нап аднат пред зградата во која живеам.

За мојата медиумска заедница која мене ме слави, па не ме слави, зависно од периодот кога тоа е курентно (како во време кога се рушеше режи мот на чуд овиштет), јас сум во распон од најдобар новинар кој на моите колеги има ја руши власта која ги гази, до рек етар, квазиновинар и лу дак кој им пречи кога реж имот кој ги газел паднал и се оправиле до степен да си фураат рекламчиња, ваучерчиња, коктелчиња, дружби по комори и кафеани…

Мене тоа ич не ме секира, бидејќи во ограта која ја играме во кримин ализирана Македонија јас бев предизвикан и натеран на вакво новинарство, иако во меѓувреме кога има требав на медиумските газди секогаш ме повикуваа за да си го кренат рејтингот, да си го подобрат портфолиото, да преговараат со моќните така што мене ме жрт вуваа.

И не се бунев оти знаев дека сум моента за поткусурување на разни преговарачки маси, дека ма колку биле храбри моите текстови кога медиумот за кој сум работел освојувал простор, кога ќе дојде момент за ,,помирување,, ќе добијам најава дека не сум добредојден во таа и таа редакција…

Се намножија таквите и ене ги пливаат помеѓу Курто и Мурто, се борат да си го одбранат лесно спечаленото кое треба да се брани, а и да се зголеми оти времето е такво, профитот пред се, после човекот, новинарот, јавноста и слично.

Како контро верзен а всушност неприлагоден новинар во македонската медиумска баруштина, денес со ладна глава гледам на ова што се случува.

Ми се случува мене, ама во прашање е општа небезбедност. Секој ден имаме на силство, пријавено или непријавено, секој ден малите луѓе трпат од наводно големите, оние што ги огра бија.

Тра гично е што ова мене ми се случува во период на деветгодишен кри вичен прогон за ич ништо, оти на будали на власт им текнало пред девет години дека можат да ме уни штат со монтиран политички процес, без докази, без сведоци, без логично образложение на тоа што ми го измислиле како обвинение, а не личи на ништо.

1.100 такви како мене се процесуирани, згаз ени, скоро секој втор од нас има поч инат член на семејство од стресовите кои ни ги приредија.

И тоа оди во недоглед, Влади се менуваат, лаж ни програми ни се сервираат, најмуваат интелектуалци да им бранат неодбранливо. А јас сум само пречка на нивниот пат кој не води никаде! Ама никаде.

Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е во знемирено и пот ресено, на станарите од десетина станбени згради во моето соседство синоќа им е испратена порака:

,,НЕ СТЕ БЕЗБЕДНИ, ОВА Е НЕБЕЗБЕДНА ДРЖАВА, СКОЈ МОЖЕ ДА ВЕ НАЧЕКА ПРЕД ВАШИОТ ВЛЕЗ И ДА ВЕ ПР ЕТЕПА, НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ПДОБРО ОД ОВА!!!,,

Јас ќе продолжам по патот кој го одам од мај 1999 година, кога ме пре дизвикаа вака да се донесувам како што се однесувам.

Кому не му се допаѓа нека организира ТВ ДЕБАТА ИН ВИВО, ќе си седнеме и ќе си поприкажеме, смирено, јасно и гласно, без на вреди ќе го кажам она што го мислам.

Од моето мислење не се плашам, апсолутно не ме интересира дали некому му се допаѓа или не му се допаѓа. Ако нема кандидати за дебата, молчете си и натаму и гледајте сеир.

Вашите деца се на ред, тие живеат во оваа ѕве рска црна дупка. Ако не помислувате на нив, не го ни заслужувате нивното внимание. Се подготвуваат да ви заминат, а вие глумете современо новинарство по правила напишани од КУРТО и МУРТО.Во него мене ме нема, нема ни да ме има