(ФОТО) Ќе има ли овојпат и за Боки 13 – пријателката што му носела чварки покажа како ги прави
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 е поранешен македонски шоумен, водител, имитатор, менаџер и пејач, познат по својата екстравагантност.
Боки 13 се проба и како газда на телевизија која неславно заврши откако на крај отиде зад решетки каде што е и сега.
Ременски важеше за добра пријателка на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13 за кого во една неодамнешна прилика откри како се запознале.
„Јас го запознавам Боки 13 додека бев Министер за труд и социјала во техничакта влада. Тој доаѓа во министерството да се заблагодари што не сум дозволила неговата мајка да остане на улица и без работа, тоа се случи во 2016 година“, изјави Фросина Ременски во емисијата во Центар и додаде:
„Јас му носев чварки на Бојан Јовановски бидејќи сакаше да јаде чварки и тоа е нормално бидејќи јас сум домаќинка“.
А Фросина си е докажана домаќинка која е почесто на социјалните мрежи покажува како готви во кујна или е на нива.
Овојпат покажа како ги прави своите чварки и притоа на својот фејсбук профил напиша:
Добро утро Македонијо каде и да си. Време е за чварки. И што би рекла една моја драга колешка “подобро е да се јадат чварки, отколку да се меша цементен протеин во шејкови” Да се вратиме на традицијата.
Засега останува непознато дали од овие чварки ќе има за Боки 13.