(ФОТО) Анета и Молика летаа од Сиднеј до Мелбурн, па кога дознаа од каде е екипажот порачаа: Колку не има
Во далечената Австралија живеат и работат голем број Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.
Македонци во Австралија или Австралиски Македонци се едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.
Македонците во Австралија се можеби едни од ретките во дијаспората кои силно се решени да си ја зачуваат традицијата, јазикот, фолклорот.
А во таа насока се и концертите кои што се организираат се почесто со македонски изведувачи. Во таа насока е и турнејата на неповторливите Анета и Џими Молика која веќе е во полн ек во Австралија.
Битолчаните веќе неколку месеци се на далечниот континет, а преку социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од тоа како си поминуваат таму.
Пред неколку моменти Анета на својот фејсбук профил сподели низа фотографии со текс во кој што се вели:
Колку не има? Македонски екипаж во Рех ерлајнс Австралија. Благодариме за преубавиот лет од Сиднеј до Мелбурн и поздрав специјален до Жаклина Домазетоска.