(ФОТО) Мицкоски и Ѓорчев утрово споделија иста радост
Денес околу 255 илјади основци и средношколци ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски.
Особено радост и голема животна промена беше за првачињата и нивните родители
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денешното утро го започна сосема поразлично од вообичаените.
Имено првиот човек на најголемата опозициска партија заедно со сопругата го однесоа на училиште својот син Антониј.
За ова Мицковски на својот профил на фејсбук сподели фотографија и притоа напиша:
Првиот училишен ден на Антониј. Синко ти ја посакувам целата среќа на Светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот.
Да научиш да се бо риш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш. И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца.
Иста радост сподели и неговиот сопартииец, Влатко Ѓорчев, но со својата ќеркичка за која на фејсбукс сподели заедничка фотографија и напиша: Прваче. Среќно ќерко!!