(ФОТО) Сите прават туршија од карфиол, но не и Гавазова: Сузе покажа за што и служи овој зеленчук
Популарната пејачка Сузана Гавазова е една од ретките Македонки за кои не е потребно да се трошат многу зборови. Таа е докажана на музичката сцена во Македонија, но и ширум дијаспората.
Во таа насока сведочат неброено многуте настапи кои едноподруго ги одржува откако олабавија мерките. Зад себе има голем број на турнеи не само во Америка, туку и во Канада, Австралија, Холандија, Швајцарија, Германија, а минатиот месец за првпат и во Данска.
Гавазова покрај својата музичка дарба, од почетокот на кариерата се издвојува и со физичкиот изглед. Од споделените фотографии и видеа е јасно дека посветува внимание и ја одржува нејзината фигура.
Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.
Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.
Се почесто Сузе споделува моменти од тоа како подготвува храна во домашни услови. Слатко, благо, кисело – најразлични специјалитети.
Сега Гавазова сподели како прави супа од карфиол.