Фуркан не завршил со Софијанова: Доцна вечерва се огласи и вели дека лаже

Страстите помеѓу новинарот Фуркан Салиу и докторката Аспазија Софијанова не се смируваат. Откако популарната Цули вечерва беше гостинка на емисија, на фејсбук се огласи Салиу кој рече:

Многу невистини изнесени од страна на Софијанова вечерва на ТопТема.

Невистини со кои почитуваната докторка се обидува да ме прикаже како некоректен и непрофесионален. Тактиката е иста како и кај претходните функционери кои што биле фатени во тесно… За среќа јас се снимам

1. Софијнова вели дека сум влегол во канцеларија и сум рекол дека сакам да разговарам. Не е точно. “Ќе ни требате за ИЗЈАВА само сакам да знам дали да ве почекаме?”

2. Софијанова тврди дека не знаела дека ја снимаме. Лага!

Пред да почнеме да снимаме се гледа на инсертот дека од спротивната страна има втора камера која снима, а докторката ја средува косата затоа што сака да изгледа убаво пред камера.

Дополнително, во првиот дел од видеото јасно се слуша дека барам изјава. Знаејќи дека може да проба да се вади на истите фори како во претходниот случај што го имавме во Комунална хигиена, ја наерав пред камера да потврди дека не сме влегле на сила или ненајавени.

Како и да е, како велат, тој што лаже… не треба да лаже Министерството за здравство мора да ги објави јавно сите извештаи од вонредната ревизија во 12 клиники.

Мора да се бара одговорност како е можно со усна наредба да се интервенира во системот кој што го регулира коефициентот на плата, а кој е одржуван од приватна фирма и на крај тоа да се сведе на статистичка грешка.