Членовите на ДНК се расплакаа од потегот на прилепчанецот Ѓорѓе кој живее и работи во Германија
Владимир Блажев попознат и како диџеј Шорти или Панчо ДНК сподели на својот профил пост, над кој меѓу другото напиша:
Има многу луѓе но ретко кој е човек. Капа доле за ова малдо и хумано момче кое за жал знае како стојат работите. Капа доле и голем респект од мене.
А во постот, поточно во објавата од групата ДНКА се вели:
Пред неколку дена кај Панчо на инстаграм во ДМ, стигнала една порака од Đorđe Stojceski (родум од Прилеп, работи во Германија) која на сите ќе ви ги стопли срцата.
Среќни сме дека се уште има добри луѓе со големи срца. Пораката ја пренесуваме во целост: “Здраво Панчо. Бидејќи не сум во можност да присуствувам на вашиот славенички концерт, би сакал да купам карти а вие да ги донирате на луѓе кои сакаат да дојдат, но не се во можност да си го дозволат тоа”.
Да бидеме искрени нас пораката не расплаче од среќа но и тага, едноставно микс на емоции. Голема благодарност до Ѓорѓе на кој сме му благодарни од срце за ваквиот гест, а сите вие кои не сте во можност да купите билети, пишете ни во инбокс.
На располагање имаме 20 влезницни купени од страна на овој млад и хуман човек Ѓорѓе