Александар Вучиќ открива: Со Македонија имаме едно отворено прашање – се надевам ќе го затвориме ова еднаш засекогаш
Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што.
Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели,
туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по билатералната средба со својот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски во Прохор Пчински.
Вучиќ попладнево се огласи на својот инстаграм профил каде што сподели фотографија со нашиот претседател Стево Пендаровски и напиша:
„Немаме отворени прашања со Северна Македонија, додека не дојде да се разговара за чие вино е подобро. Го донесов нашиот гостин Стево Пендаровски на Алексиќ вина сa со надеж дека ќе го затвориме ова прашање еднаш засекогаш!“