Александар од Штип во 2001 беше пилот на Сухои, а преживеа уште две војни: Откри што работи сега во далечната Африка
Три војни, 16 години живот во Африка и безброј неверојатни случувања има зад себе пилотот Александар Манев
Три војни, 16 години живот во Африка и безброј неверојатни случувања има зад себе пилотот Александар Манев од Штип.
Драматичниот професионален работен век кој трае речиси 40 години ? е достоен не за едено или две, туку за многу холивудски сценаријa
-Почнав да летам 1977 година во Сараево, бев потоа Црна Гора и Хрватска. Во ЈНА бев професионален воен период, тоа не беше пријатно. Најбитно беше како да преживеете, па во 1991 година се вратив во Македонија.
-Втората војна, кога започна конфликтот ние имавме само авионо за обука. Се случија промена, државата најде пат да обезбеди воздухополови и во тој метеж влегов во комбинација да бидам пилот на Сухои Су -25, летав и за наша среќа се заврши брзо. Мирот се воспостави, Македонија пак е тука, вечна е и сите сме благодарни на луѓето што успеаа да донесат мир во Македонија.
Откако се помина тој реши да замине во Украина и да живее на Крим каде што и таму го снајде војна.
-Откако се запознав со мојата втора сопруга со која имам ќерка се преселив таму. Меѓутоа откако дојдоа овие работи во 2014 година и сега што се случуваат, од пред две години пак доживева неубави искуства кои ме разделиа од семејството.
– Во моментов работам и сум по договор со владата на Уганда каде сум инструктор за пилоти, вели Александар за Телевизија Стар.