Али Ахмети вечерва одново спомна војна, ама и го „подбра“ Зоран Заев и неговите домати

Али Ахмети, лидерот на ДУИ од Боговиње, упати остро предупредување до Биљал Касами, повикувајќи го „да го фрли белиот пешкир во рингот“ на 8 мај за да го избегне она што Ахмети го опишува како неизбежен „класичен нокаут“, како што вели.

Ахмети, лидерот на ДУИ вечерва кажа дека во близина на Македонија се водат војни и дека Украина не е далеку, а го спомена и Блискиот Исток каде, како што рече, се водат страшни војни.

Ахмети праша дали земјата би била побезбедна во ЕУ, или, како што кажа, изолирана со доматите на Зоран Заев кои ги тргуваме во земјава.

„Дали сме побезбедни во НАТО? Ќе бидеме ли побезбедни и економски подобри со економијата во Европската Унија или изолирани со доматите на Зоран Заев што ќе ги тргуваме овде кај нас, или да се интегрираме на 500-милионскиот пазар во ЕУ“, рече Али Ахмети, пренесува ТВ21.