Индијците кои дојдоа да работат во државата велат дека се задоволни од Македонија: Подобра и е заработката

Индијците вработени во млекарата Николови кај светиниколското село Ерџелија, за мештаните се веќе нивни сожители. Иако ретко се среќаваат по селските улици, за нив, домаќините со грст пофални зборови.

Повозрасните ерџелии, разговорите со индијците ги препуштаат на помладите, бидејки , како што велат тие знаат англиски. Со нас, може да се разберат само со пантомима.

Но, како оди комуникацијата во локалната продавница и што најчесто купуваат. Малку повеќе, новите жители на Ерџелија се запознаваат со младите. Еве некои детали занив.

Денеска првата група на странски работници за нас беше недостапна за разговор,што не значи дека во блиска иднина и тие лично ќе си ги кажат своите впечатоци од нивниот печалбарски живот во Македонија.

Ерџелија, каде телевизиската екипа на ТВ Стар беше присутна, е село помеѓу Штип и Свети Николе кое прво прима на работа странци кои треба да ја помогнат тамошната економија .

Како што велат жители на селотот кои имале можност на англиски да зборуваат со некој од индијците, тие им рекле дека овде им е подобро од Индија, во Македонија подобро се живее и заработката е подобра.