Антониа Гиговска пред малку се огласи повторно – со извинување до пријателите и соработниците

Познатата македонска пејачката Антониа Гиговска како што е познато денес на својот инстаграм профил објави среќна информација со низа фотки во која се вели:

Долго време молчеевмее а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.

Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен ми ден, ааа и погодете која ќе стане мајка п.с Прстенот го бирал сам, уми рам од среќа… си славам роденден,бебче,прстен, сеееее. Што мислите, машко или женско, пишете во коментар (ние знаеме)

Среќникот кој доби сопруга а очекуваат и дете е музичарот од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски , попознат како Џокер.

Нешто подоцна, поточно пред неколку момент Антониа повторно се огласи, но овојпат стори со порака во која вели:

Епа драги мои пријатели и соработници..Фала ви многу на преубавите пораки и честитки, искрено уште не знам каде се наоѓам.

Се извинувам од срце ако на некого не сум вратила, имам милион пораки, не стигам да враќам на сите.

Сега ми треба мало одморче, а утре во 13:00 часот излегува дуетот со мојот драг Пајак – Хабиби. Ве сакам и ве гушкам