Апасиев проговори за финансиерите на Левица – откри еден важен податок
Пратеникот и воедно лидер на Левица, Димитар Апасиев во изминатите години преразна во политички лик кој го сврте вниманието на јавноста.
Популарниот Димче важи за човек „без влакна на јазикот“ кој постојано го кажува она што го мисли директно, како од говорница, така и преку социјалните мрежи.
Апасиев секогаш знае да биде актуелен во јавноста, па така беше и овојпат со својата објава на социјалните мрежи.
Со оглед дека важи за релативно млада партија, од помал карактер, која сепак бележи голем напредок и видливи резултати, многумина се прашуваат за едно прашање.
А тоа е кој стои позади Левица, односно финансиски кој ја подржуваа оваа партија.
Па така Апасиев реши денес да се огласи на фејсбук и да објави нешто на оваа тема:
Во 2019 = 9 луѓе донирале за Левица. Во 2020 = 200 луѓе донирале за Левица. Во 2021 = 400 луѓе донирале за Левица. Во 2022 = 900 луѓе донирале за Левица.