Аца Пејовиќ: Одам во собата и на цел град врескам, ја молам Билјана да не умре и да не ме остави сам

Ацо Пејовиќ е еден од најпопуларните пејачи на нашите простори. Неговата кариера никогаш не била поврзувана со скандали, а публиката го сакала исклучиво поради неговите бројни хитови.

Ацо Пејовиќ гостувајќи во емисијата „Преживеани“ на телевизијата К1 откри како ја запознал сопругата Билјана, но потоа низ солзи се присети на моментот кога за малку ќе ја загубил.

Популарниот пејач пред осум години доживеа вистинска животна драма, кога на неговата сопруга Билјана ненадејно и се слоши за време на предавање на Факултетот, а потоа следеше борба за живот.

– Немаше здравствени проблеми, беше сосема здрава. Не ни знаела дека има две вродени аневризми на очните аорти. Имаше главоболка три дена, но ништо невообичаено. Тој ден и се јавив на телефон и таа не ми одговори. Во еден момент ми се јавува Андрија Милошевиќ и ми вели да ми се јавиш, Билјана е болна. Таа додека држела предавање паднала во амфитеатарот пред очите на студентите и почнала де се пени од устата.

Ја однеле во итната медицинска помош и чекањето е страшно. На секои 20 минути вадат тело во црни вреќи, некој чиј живот е згаснат. Тогаш ми падна на памет дека ќе ми даде лоша вест. Се јавив на моите пријатели доктори и професори, но во тој момент за инает некако сне се јави никој. Во еден момент го добив мојот пријател д-р Зоран Реметиќ и тој веднаш дојде. Една млада докторка, која делуваше неискусно, не ја обвинувам за тоа, рече дека треба да се остави, за да може да ја следи нејзината состојба до утрото, што сигурно би било фатално за Билјан.

Драг мој Зоки, ми намигна и рече дека би сакал да ја префрлат на неврохирургија. Така и беше, го покани мојот сега голем пријател и брат, на кој сум бескрајно благодарен, професорот Горан Тасиќ.

Околу полноќ веднаш дошол, ја прегледал и ја носи на операција. Ги покани моите деца да ја видат, бидејќи можеби тоа е последен пат. Операцијата траеше шест и пол часа. Прво работеле на едната, па на другата страна – се присетува Ацо Пејовиќ во емисијата „Преживеани“ на ТВ К1, најтешкиот период во неговиот живот и вели дека покрај пријателите, соседите и семејството, неговите колеги од естрадата свена беа цело време со него

Таа вечер сфатив дека луѓето кои велат дека поп музиката е секакви работи, навистина не е. Таа вечер колегите ми покажаа многу љубов и почит.

Во болница со мене беа Цеца, Лепа Брена и Боба, Лукас, Мрка и Ана, Сале од Тропико бенд, сигурно некого заборавив, но над 70 проценти од луѓето од шоуто беа со мене – низ солзи вели Пејовиќ и потсетува дека цело време со него бил Горан Буњевчевиќ, кој и самиот починал од аневризма пред пет години.

– Кои се животни ситуации кои понекогаш не ги разбирам. Од истата болест почина мојот голем пријател и брат Горан Буњевчевиќ, кој седеше со мене во болница до 7 часот наутро и чекаше да види што ќе биде со Биља. Ние сме првите соседи. Цела ноќ со мене беше и Жика Јакшиќ – вели Ацо.

– Беше страшно да се види како лежи во болница со избричена глава со исеченици. Страшно е во тие моменти, да се вратиш дома и да им објасниш се на децата. Седнав со нив, ги прегрнав и реков дека можеме да останеме без мама. Борбата траеше со месеци. Секоја вечер, кога децата одат да спијат, јас одам во соба и врескам на цел глас, молејќи да не умре и да не ме остава. Тогаш сфаќаш колку си силен, бидејќи децата се тие на кои им треба поддршка, а јас често ги имав во глава репликите од песната на Цеце „Жив човек на се се навикнува“ – вели Ацо.