Баба Лена од Куманово низ солзи: Ќе умрам или од глад или од измрзнатост ако не ми помогнете

Лена Лазарова е родена Кумановка која животот го минува тешко поради лошиот избор на животен партнер- ќе каже таа. Порасната во Новосељане во семејство од шест деца можеби тоа е и најдобриот период на кој таа може да се сети во животот. На свои 26 години се мажи и оттогаш и започнува тешкиот живот и маките. Раѓа син кој сам ќе го одгледа поради тоа што често сопругот е отсутен од дома и не се грижел за семејството. Додека била способна работела и се снаоѓала за парче леб. Многу пати ќе рече Лена била физички напаѓана од сопругот поради што во неколку наврати бил пријавуван и лежел во затвор.

Таа тогаш заминувала кај браќата додека да ги заздрави раните на телото и душата. Се враќала и во родното Куманово каде чувала стари лица додека можела. Официјално соопшти дека била разведена од мажот кој сега живеел во Кратово со својата пензија.Но, веќе годините ја совладуваат , а силата и желбата за живот и се намалуваат.

Ништо убаво не сум видела во овој живот ќе додаде таа. Ми се јави бившиот сопруг и ми рече дека можам да се вратам во куќата во Драчево, но тука немам ниту струја ниту вода. Немам ниту храна. Се хранам со трошки. Со денови сум седела гладна и во солзите ќе додаде таа. И, иако и душата би ја дала за синот кој живее и работи во Хрватска ќе рече само уште еднаш барем да го видам се би дала, иако тој за мене не се грижи и ми рече сама да се снаоѓам како знам и умеам. Оваа жена не знае ниту како ќе ја помине зимата, зашто нема ниту денар, ниту пензија, ниту социјална помош. А, ако некој не и помогне со дрва и ќебиња, до пролет може и да измрзне/завршува баба Лена.

Баба Лена потекнува од Новесељане, Кумановско. Иако биле шест деца во семејството сепак многу поубаво живеела тогаш отколку пдооцна во брачниот живот и во староста. Зашто, откако преку некој сосед го запознава сопругот и го раѓа единствениот син, за неа започнуваат денови на пеколен и тежок живот- ќе каже таа. Баба Лена тврди дека била жртва на семејно насилство. Сама го изгледала синот, кој во моментов е женет во Хрватска и не го видела повеќе од една година. Уште пред многу години кога првпат сериозно била повредена од сопругот, живеела прво кај братот, па кај сестрата. Долги години живееле и чувала стари лица и во родното Куманово, а за тоа време сопругот ја одлежувал казната во притвор-додава таа.

-Јас сум родена кумановка во семејство од шест деца. И, тогашниот сиромашен живот можам да кажам дека ми бил полесен од овој денес. Имав таква среќа да се омажам со човек алкохоличар и цел живот ме тепаше и малтретираше-вели тетка Лена. Синот сам го одгледав, но и тој денес не сака да слушне за мене. Ми вика како знаеш снајди се, јас сум женете во Хрватска не се враќам. А, сопругот си зема пензија и не ми дава ни денар. Си седи во село во Кратово додека има пари, ќе ги испие и после ќе дојде тука за да ме малтретира. Ниту имам греење, ниту имам храна. Ако верувате само четири јајца и две парчиња леб имам-додава таа.

Ова лето баба Лена се вратила во село Драчево зашто повеќе нема сила да чува стари лица, а не може да биде ниту товар на семесјтвото. Вели дека бившиот сопруг и рекол да се снајде за храна и топлина ако сака да преживее. За жал баба Лена нема ниту денар приход. Не знае сама да отиде ниту до град. Вели дека е без струја и вода, без храна и топли ќебиња. И, дека хуманиот народ и е единствен спас. Замолува за малку дрва, стар шпорет и храна за да преживее, во спротивно вели таа-нема да ја дочекам пролетта.

-Додека бев помлада чував стари лица и така живеев. Живеев кај нив, јадев се греев. Ама веќе не можам имам 70 години и не сум спсообна ни за себе. Болна сум од шеќер и други болести, а немам ни за лекови. Ќе измрзнам немам ниту ќебе за да се покријам навечер. Помогнете ми луѓе зашто не ззнам како ќе издржам-низ солзи вели оваа жена за „Срцен на Дланка“.

На крајот животот не учи дека подобро е да се повлечеме во самотијата и да ја исплачеме секоја мака наталожена на срце. Луѓето секогаш удираат таму каде што сме најслаби, но, мора да го живееме животот како најдобро знаеме. И, како што се што е убаво брзо ќе пројде, така и лошите денови ќе поминат брзо, само многу е полесно кога тие ќе се надминат со луѓе покрај нас.

Доколку скате да и помогнете на тетка Лена Лазарова од село Драчево тоа можете да го направите на нејзиниот личен контакт број 078504544 и на нејзината трансакциска сметка 200002902160646.