Баба Нада со тешко срце: Децата не ме посетиле три години, живеам сама одделена од светот
Иако решиле да го продолжат животот во родното село, жителите некој планински села велат дека не им го препорачале животот на ницните деца овде.
– Ќе нè завеат два-три дена. Како родител би ги советувал моите деца да завршат училиште и да си заминат како и сите други – вели еден локален жител на селото Црна Трава.
На само триесетина километри од Црна Трава се наоѓа месната заедница Кална со само едно семејство со две деца и две куќи со старци.
Баба Нада е една од ретките жители на ова место, која вели дека не ги видела своите најблиски речиси три години, таа е во голем оч ај.
– Имаше луѓе, но сега се е напуштено во шумата. Тие заминаа по подобар живот, ние останавме. Тука нема каде да се вработат – вели баба Нада.
Иако тешко се движи, старицата е постојано на нозе. Како што вели, кај неа секогаш доаѓа брзата помош, но и младата сосетка, бидејќи не може да оди подалеку од куќата.
– Сè ми е тешко, да ви кажам право. Нема луѓе, нема дуќани, а ние самите не можеме да се служиме. Нашите деца работат во градот.
Не доаѓаат овде, работата прва смена, немаат време за мене а и превозот е лош. Ги нема две-три години – низ солзи раскажува баба Нада.
Лекарот од Итна помош вели дека во оваа општина најголем дел од населението се стари лица, без никаква поддршка однадвор.
– Тие се целосно отсе чени од светот. Кој знае каде се децата, ги слушаме само телефонски – вели Милена Станојевиќ од Здравствениот дом Црна Трава во емисијата „Екс плозив“
И додека едни гледаат само убавина на овие простори, други остануваат затоа што мораат, но генерално се согласуваат во едно – дека на ова место нема многу надеж за иднината, бидејќи како што велат „младите си заминуваат, а стари заминуваат на другиот свет.